(ВИДЕО) Неколку торнада го опустошија Чикаго: Нема струја, откорнати дрвја, аеродромите не работат

Од:

Националната метеоролошка служба на САД денеска соопшти дека повеќе торнада допреле во областа на Чикаго, вклучително и едно во близина на аеродромот О’Хара, што предизвика прекин на воздушниот сообраќај.

Откажани се повеќе од 170 летови, додека повеќе од 500 се одложени, објави порталот „FlightAware“, пренесува АП.

Видеата објавени од локалната телевизија покажаа дека голем број луѓе се засолнуваат во зградата на аеродромот, а директорот за комуникации Кевин Барњес изјави дека на аеродромот не е забележана штета.

Во исто време, повеќе од 10.000 граѓани останаа без струја.

Дрвјата беа откорнати и крововите беа разнесени во градот Кантрисајд на округот Кук, а стаклата на автомобилите беа издувани во Ла Гранж, објави Националната метеоролошка служба.

Оштетувања на дрвја и покриви се пријавени и на неколку други локации, соопшти службата.

Илјадници жители останаа без струја, а канцеларијата на градоначалникот Брендон Џонсон соопшти дека жителите на Чикаго треба да ја ограничат употребата на вода за да спречат поплави.

Предупредувањето за торнадо за Чикаго сè уште не е укинато, меѓутоа, експертите велат дека сегашната прогноза е „не предупредување за торнадо“.

Помеѓу 1855 и 2021 година, забележани се 97 значајни торнада во метрополитенската област на Чикаго.

Најсмртоносното торнадо го погоди Чикаго на 21 април 1967 година, кога загинаа 33 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Торнадо уриваше згради како кули од карти, има загинати, 88 повредени

Во Москва е издадено предупредување поради можно торнадо

Силно торнадо носеше се пред себе: Објавена застрашувачка снимка

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

ВИДЕО: Торнада ја „нападнаа“ Оклахома

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде