ВИДЕО: Неапол е „вон контрола“ – болниците преполни, редици за тестови, на улиците протести

Од:

Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо денеска оцени дека корона-кризата во Неапол е „надвор од контрола“. Објавени се алармантни извештаи за состојбата во болниците – пациенти се лекувани во нивни автомобили на паркинг, а јавноста ја вознемири снимката на починат човек во болнички тоалет.

Изјавата на министерот ди Мајо доаѓа откако на социјалните мрежи се прошири видеото од човекот, кој наводно бил пронајден мртов во тоалетот на болницата. Медиумите наведуваат дека мажот се уште немал ниту добиен позитивен резултат од тестот за коронавирус, што укажува на тоа дека здравствениот систем во градот е на колена.

Ди Мајо рече дека тоа е „само уште еден од последните шокантни инциденти за кои слушнал во последните денови“ што се случи во Кампанија, од каде и тој потекнува. Во регионот во изминатите 24 часа се забележани 3.900 нови случаи на Ковид-19.

„Ситуацијата во Неапол и во многу делови на Кампанија е надвор од контрола. (Италијанската) влада мора да интервенира, нема повеќе време”, оцени министерот во објава на Фејсбук.

Фоторепортерите од Неапол испраќаат фотографии на кои се гледа како граѓаните чекаат тестирање или прием во болницата во долги колони автомобили, агенциите наведуваат дека на многу луѓе им бил даван кислород во нивниот автомобил, бидејќи не можат сите да ги примат, па честопати треба да им се даде инфузија на паркингот.

Маурицио Капиело, лекар во Итната служба во болницата Кардарељи во Неапол, рече дека вирусот се шири експоненцијално: Ја преминавме критичната линија на тревога. Единствениот начин да се преземе контролата во Кампанија е тоталното „затворање“.

Премиерот на Кампанија Франческо Бокија ги нарече ваквите сцени „срамни за сите одговорни“. Кампанија помина многу подобро од северна Италија за време на првиот бран пролетоска, во кој починаа десетици илјадници луѓе во земјата. Но, сега тоа се менува. Агенциите наведуваат дека регионот влегол во 2020 година со 146 кревети за интензивна нега, за да има само дополнителни осум кревети на крајот на октомври или 156, и покрај пандемијата.

За да биде ситуацијата потешка, вечерва, и покрај забраната за јавни собири, во Неапол се одржуваат два протеста – група трговци блокираат крстосница во центарот на градот, барајќи државна помош за бизнисите погодени од одлуката за полициски час, а на плоштадот „Плебисцит“, под силно полициско обезбедување, демонстираат невработени луѓе против одлуката на властите да се укине надоместокот за невработени во време на пандемија.

Демонстрантите запалија црвени чадни бомби, а плоштадот го надлетува полициски хеликоптер, пишуваат локалните медиуми.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески