Најмалку тринаесет луѓе се убиени, а повеќе се повредени во експлозија во шиитската џамија во престолнината на Кувајт.
Експлозијата се случи после џумата, односно молитвата на пладне, во Кувајт сити. На видео снимките се забележуваат неколку тела на подот меѓу урнатините и облаците од густ чад.
? “@DR_SHAHID: Footage After Suicide Bombing hits #Shia mosque in #Kuwait during Friday prayers pic.twitter.com/2LanIbh7m8”
— #BringBackOurGirls (@quietswami) June 26, 2015
Медицинските лица соопштија дека очекуваат бројот на мртви луѓе да се зголеми со оглед на тоа што повеќето повредени се во критична состојба. Групата Исламска држава – Ирак ја презеде одговорноста за нападот врз џамијата.