ВИДЕО: Најмалку 80 загинати во експлозии во Универзитетот во Алепо

Од:

Осумдесет луѓе загинаа во експлозии во Универзитетот во Алепо во северниот дел од Сирија. Тоа го изјави гувернерот на Алепо, Мохамед Вахед Акад, јави ДПА.

Според болнички извори бројот на повредени е над 160. Сириската телевизија за нападот ги обвини „терористите“.

Алепо е најголемиот град во северна Сирија и економски главен град на државата. Универзитетот се наоѓа во реон контролиран од режимот на Башар Асад.И покрај судирите, Универзитетот продолжи со работа во средината на октомври минатата година.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски