ВИДЕО: Најмалку 20 жртви во израелските напади врз Појасот Газа

Од:

Најмалку 20 лица, меѓу кои девет деца, се убиени во синоќешниот израелски напад врз Појасот Газа, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Според светските агенции, во нападите биле повредени повеќе од 60 лица.

Израелската армија соопшти дека бомбардирала тунел на Хамас на северот од Појасот Газа, во кој, како што се верува, имало голем број членови на таа организација, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија претходно потврди дека извршила ракетни напади врз Појасот Газа, наведувајќи загинале дека тројца членови на милитантната организација Хамас, која претходно го ракетираше Ерусалим, по истекот на ултиматумот упатен до израелската влада за повлекување на безбедносните сили од кругот на џамијата Ал Акса.

Во извештајот на „Џерусалим пост“ се наведува дека меѓу убиените членови на Хамас е и еден од командантите, кој бил меѓу примарните цели на возвратните ракетни удари на израелската армија.

Во Ерусалим се огласиле сирени за предупредување на ракетен напад, а набргу потоа се слушнале и детонации, јавија светските агенции.

Потоа се огласи и претставник на военото крило на Хамас, Абу Обеид, кој потврди дека ракетните напади се одговор на, како што рече, „злосторството и агресијата“ што Израел ги прави во Ерусалим.

По рекетирањето на Ерусалим бил евакуиран и израелскиот Парламент, а Израел ги зајакна безбедносните сили долж границата со Газа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“