ВИДЕО: Над пет милиони луѓе го гледаа последниот лет на кралицата Елизабета Втора, најмногу во историјата

Од:

Над пет милиони луѓе го гледаа последниот лет на кралицата Елизабета Втора додека нејзиниот ковчег и посмртните останки беа пренесени од Единбург, Шкотска во Лондон во вторникот вечерта. Тоа е летот што го следат најмногу луѓе во историјата, беше објавено.

Flightradar24, веб-страница која ги следи летовите на авиокомпаниите ширум светот, објави дека 4,79 милиони луѓе го следеле летот онлајн, а уште четвртина милион луѓе го гледале летот на YouTube.

Компанијата соопшти дека шест милиони луѓе се обиделе да го следат летот во првата минута од полетувањето на Boeing C17A Globemaster од аеродромот во Единбург, загрозувајќи ја стабилноста на платформата.

„Седумдесет години од првиот лет на кралицата со BOAC Argonaut Atalanta, последниот лет на кралицата Елизабета Втора е најследен лет во историјата на Flightradar24“, објави директорот за комуникации на компанијата во е-пошта.

Елизабета, монархот со најдолг стаж во Британија, почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември во Лондон.

Flightradar24 објави дека двојно повеќе луѓе го следеле тој лет од претходниот рекордер. Претходно, 2,2 милиони луѓе го следеа летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, кога таа отпатува во контроверзна посета на Тајван во август.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

А1он