(ВИДЕО) Млад човек со секира нападна градинка во Бразил – четири деца загинаа, уште четири се ранети

Од:

Најмалку четири деца загинаа, а четири се повредени во напад што се случи денеска во бразилската држава Санта Катарина.

Локалната полиција соопшти дека за нападот е одговорен 25-годишен маж. Тој во нападот користел секира.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е уапсен, но засега не соопштуваат повеќе детали. Вработените во болницата Санто Антонио во градот Блуменау за бразилските медиуми изјавија дека четири повредени деца, на возраст под две години и се под медицинска нега.

Претседателот Луис Инасио Лула да Силва го нарече нападот „монструозен“ и рече дека тоа е „неприфатлив, апсурден чин на омраза и кукавичлук“ против „невините, беспомошни деца“.

На Твитер се споделува и видео од наводниот напаѓач, а тој наводно и се предал на полицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

Руски наредник уби командант и пет војници

(ВИДЕО) Потресни сцени на одбележувањето на трагедијата во „Рибникар“: Луѓето чекаат во редици да им оддадат почит на убиените деца

А1он

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија