ВИДЕО: Мистериозниот лавиринт тунели во Газа – главното оружје на Хамас

Од:

Бројните тунели под Газа најмногу се користат за шверц на стоки од Египет и напади врз Израел. Сепак, постои уште една подземна мрежа што израелските одбранбени сили колоквијално ја нарекуваат „Метро во Газа“. Тоа е огромен лавиринт од тунели, некои велат дека се протегаат со километри под земја, кои се користат за транспорт на луѓе и стоки, складирање ракети и муниција и сместување на командните центри на Хамас – сето тоа далеку од љубопитните очи на израелските авиони и дронови за надзор.

Во 2021 година, Хамас тврдеше дека изградил 500 километри тунели под Газа, иако не е јасно дали оваа бројка е точна или неточна. Ако е вистина, подземните тунели на Хамас би биле нешто помалку од половина од должината на системот на метрото во Њујорк, пишува CNN.

„Тоа е многу сложена и огромна мрежа од тунели на релативно мала област“, ​​рече Дафне Ричемонд-Барак, професорка на израелскиот универзитет Рајхман и експерт за подземна војна. Не е познато колку мрежата на тунели го чини Хамас, кој владее со сиромашниот крајбрежен појас. Бројката е веројатно значајна и во однос на трудот и капиталот.

Се очекува израелската војска да изврши напад врз мрежата на тунели во претстојниот копнеен упад во Газа. Израел започна копнен напад врз Газа во 2014 година за да се обиде да ги елиминира подземните премини. Во петокот, Израел предупреди околу 1,1 милион луѓе кои живеат во Газа да се преселат на југ пред можна операција. Критичарите велат дека таквата наредба е невозможно да се изврши на краток рок среде воена зона. Висок претставник на ОН за човекови права рече дека повикот за евакуација „ги пркоси правилата на војната и основната хуманост“.

Преместувањето на цивилите од градот Газа би помогнало побезбедно да се отстранат тунелите, но таквите операции би биле опасни, истакнува Ричемонд-Барак.

Војската на Израел може да ги направи тунелите привремено неупотребливи или да ги уништи. Според Ричмонд-Барак, бомбардирањето на подземните премини е обично најефективниот начин за нивно елиминирање, но таквите напади можат да влијаат врз цивилите. Јасно е дека технологијата сама по себе нема да биде доволна за да се запре подземната закана.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот