Од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата на коронавирусот, со воени авиони од различни земји се евакуираат странските државјани, кои веднаш по слетувањето се прегледуваат и упатуваат во двонеделен карантин.
Во меѓувреме, се поголем број авиокомпании ги прекинаа летовите кон градот.
Во исто време, Кина со чартер летови ги враќа од странство граѓаните на провинцијата Хубеи, каде што има најмногу заразени.
Во Франкфурт синоќа слета авион од Вухан со 128 патници, претежно германски државјани, кои двонеделниот карантин ќе го поминат во воена база.
Франција исто така ги евакуира своите државјани, а првата група стигна во петокот.
Од Вухан денеска треба да полета и авион со италијански државјани, кои по слетувањето во Рим ќе бидат упатени во карантин во воена база, најави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.
Индија ги евакуираше своите граѓани од Вухан. На снимката објавена на “Твитер” се гледа како студентите од Индија заминуваат со солзи и се збогуваат со своите пријатели.
#Humanity has no religion. #Indian govt has #evacuated their #students from #Wuhan and Indian students were crying before #evacuation because they were leaving their Paki friends back in Wuhan.
This is how people live outside Indo-Pak ? #Coronavirus #WuhanCoronavirusOutbreak pic.twitter.com/MUevISJnwz— Hussnain Sethi (@ImHussnainSethi) February 1, 2020
Индонезија евакуираше 240 граѓани од Вухан.
Indonesia evacuates 240 citizens from virus-stricken Wuhan. https://t.co/B2j4hZiEr7 And they have just landed an hour ago in Natuna Islands for quarantine process. #coronavirus #evacuation
— Riefqi Muna (@RiefqiMuna) February 2, 2020