ВИДЕО: Масакр во Алепо

Од:

40 луѓе загинаа, а најмалку 90 се повредени во експлозијата на три автомобили бомби експлодираа во центарот на Алепо во Сирија, на плоштадот Садалах ал-Џабири, во близина на клубот на воени офицери и еден хотел.

„Поголемиот број на загинати и ранети се припадници на владините сили. Мета на експлозијата беа офицерскиот клуб и контролните пунктови на војската“, наведе невладината организација „Опсерваторија за човековите права“, повикувајќи се на болнички извори.

Два автомобили експлодираа во центарот на Алепо во растојание од една минута, недалеку од офицерскиот клуб на плоштадот.

Третиот автомобил-бомба експлодира нешто подоцна, на 150 метри од плоштадот во населбата Баб Џнеин. Во тој напад се убиени најмалку тројца војници.

Локалната власт соопшти дека се убиени 27 луѓе. Државната телевизија прикажа снимки на најмалку две целосно уништени згради и снимки од извлекување на телата од урнатините.

Бунтовниците минатата недела покренаа нова офанзива за да го заземат градот кој до јули беше под контрола на Асад. Тие тврдат дека контролираат поголем дел од градот но и се обидуваат да ги задржат позициите кои се изложени на жесток артилериски оган.

Бунтовниците се наоѓаат на источниот дел на Алепо, додека силите на Асад во западниот дел на градот. Откако почна војната пред 18 месеци загинаа околу 30.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски