(ВИДЕО) Мал маневарски простор за „заробените“ патници во подморницата „Титан“

Од:

Компанијата „Oceangate Expeditions“, која е сопственик на мала подморница која исчезна во Атлантскиот Океан за време на турнеја, минатата година објави видео од нејзината внатрешност.

Би-Би-Си потврди дека во исчезнатата подморница, покрај британскиот милијардер Хамиш Хардинг, како и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман, се наоѓа и познатиот француски истражувач Пол-Анри Наргеола.

Тој е поранешен нуркач на француската морнарица, кој беше член на првата експедиција што го посети потонатиот брод Титаник во 1987 година, само две години откако беше пронајден на дното на Атлантикот.

Французинот дури го добил и прекарот „Господин Титаник“, бидејќи поминал повеќе време во истражување на потонатиот брод од кој било друг нуркач.

Исто така, имаше тврдења дека Стоктон Раш, извршен директор и основач на „Oceangate Expeditions“, исто така е во исчезнатата подморница, но Би-Би-Си наведува дека нема независна потврда во врска со него.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески