Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Од:

Прво по измените во Кривичниот законик, денешното рочиште за предметот „Титаник“ ќе покаже како обвинителството ќе постапува по законските одредби кои власта ги промени по брза постапка и со европско знаменце.

Во предметот, делото „злосторничко здружување“ е единственото кое е изменето со гласањето на пратениците, а досега не беше застарено за експремиерот Никола Груевски и поранешниот владин генерален секретар, Кирил Божиновски. Бидејќи измените предвидуваат максимална затворска казна од три години, наместо во 2024 година, за нив делото веќе е застарено.

Претходно, делото застаре за 14-мина кои беа обвинети дека го сториле делото, а како организатори беа посочени Никола Груевски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер. Но со сегашните измени, делото застарува и за организаторите, од кои тројца признаа вина и веќе ги одлежуваат казните.

На товар на обвинетите сега ќе останат делата „повреда на избирачкото право“, „повреда на слободата на определување на избирачите“, „поткуп при избори и гласање“, „уништување изборен материјал“ и „злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања“.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

(ВИДЕО) Возачките со старото име ќе важат до крајот на оваа година: Политичките партии постигнаа консензус

A1on

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Зеќири: Физибилити студијата се користи, 593 дена трае мојата лична драма ни крив ни должен

Александар Тодески