Зеќири: Физибилити студијата се користи, 593 дена трае мојата лична драма ни крив ни должен

Од:

Петстотини деведесет и три дена трае мојата лична драма ни крив ни должен, како што покажа судењето. Толку дена исто така, и за членовите на моето семејство кои не се ниту криви ниту должни. Вака поранешниот владин генерален секретар, Мухамед Зеќири ги почна завршните зборови во процесот во кој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, а поврзано со физибилити студија за приватизација на „Македонски пошти“ и „Железници транспорт“.

„Кога на 8 април бев притворен, тогашната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кажа дека имало исплатено 154 илјади евра повеќе пари на сметката на правното лице отколку што требало. Откако им стана јасно дека се работи за данок, тогаш почнаа да ме теретат за злоупотреба на службената должност и овластување. Тогаш стана јасно дека целта на процесот сум јас, кажа Зеќири.

Според него, вештакот кажал дека не е пречекорена сумата за физибилити студијата.

„Предлагачот Битиќи, ресорниот министерот Благој Бочварски и тогашниот директор на Железници, Макрадули, како сведоци потврдија дека без забелешки е усвоена физибилити студијата и дека веќе се користи. Битиќи посочи дека заклучоците од неа се користат и во скрининг процесот во преговорите со Европската Унија. Се прашувам, како во овој случај е можно злоупотреба на функцијата, како што се тврди во обвинението“, рече поранешниот генерален секретар.

Тој посочи дека кратко по обвинението, на неговата сопруга и била дијагностицирана тешка болест која се уште се лекува и не се знае како ќе се заврши.

„Петстотини деведесет и три дена не можам да се грижам за моите деца, за семејството. Целото ова време, за финансиите се грижат родителите на мојата сопруга кои поради тоа си дојдоа од странство, а обвинителството тоа го користеше за да го продолжи притворот, дека ќе биле јатаци за да избегам. Сметам дека сите аргументи кои ги наведовме моите бранители и јас се реална основа за да донесете единствено праведно и правилно решение за мое ослободување од обвинението“, кажа Зеќири.

Неговиот адвокат Владимир Андреевски пак, кажа дека барањето на Обвинителството за заплена на средства на сопругата на Зеќири е нечовечко, бидејќи се докажало дека се лично нејзини средства.

„Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не достави докази дека обвинетиот Мухамед Зеќири го сторил делото кое му се става на товар“, рече адвокатот Андреевски.

Би можело да ве интересира

Ослободителна пресуда за Нино Васев и уште двајца доктори од Онкологија: Немало несовесно работење

Седум фактури од речиси 58 милиони денари завршиле кај „Интерхолдинг“: Завршни зборови во предметот против Мухамед Зеќири

Тодоровиќ се спасува од предметот за „Скопје 2014“ благодарение на измените во Кривичниот законик

Александар Тодески

Антикорупциска оформи предмет за лиценците за софтвер во Владата вредни 26 милиони евра

А1он

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“