(ВИДЕО) Мал авион падна на автопат во Италија, има мртви и повредени

Од:

Мал авион се урна денес на автопат во близина на Ацано Мела во покраината Бреша, при што загинаа двајца во авионот, а уште двајца се повредени. RAI News објави дека загинале 75-годишен маж од Милано и 60-годишна жена.

Се вели дека авионот полетал од Пјаченца, а во инцидентот се повредени и две лица во автомобил што се наоѓал на автопатот во моментот на несреќата.

Авионот не го удрил возило, но автомобилот поминал низ пожар што избувнал на местото на несреќата. Повредени се двајца мажи, на возраст од 56 и 49 години, од кои само првиот бил однесен со амбулантно возило во болница во Бреша, додека вториот бил прегледан на местото на инцидентот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поранешниот шеф на италијанската полиција оставил проштални писма, се истражува сомнеж за наведување на самоубиство

Катерина Ѓуровски

Тешка авионска несреќа во Сибир: Се урна руски воен авион, загинаа 17 лица

ВИДЕО: Закани за бомби во над 300 училишта во Италија, евакуирани илјадици деца

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on