(ВИДЕО) Мајката на тинејџерот убиен во Франција: Не ја обвинувам полицијата, само тој што пукаше

Од:

Мајката на 17-годишниот тинејџер застрелан од француски полицаец изјави дека за неговата смрт го обвинува само полицаецот кој пукал во него, а не целата француска полиција.

Трагедијата што предизвика три последовни ноќи на деструктивни немири повторно разгоре жестока дебата за дискриминација и полициско работење во сиромашните, мултиетнички заедници.

Младиот човек Нахел, беше застрелан за време на сообраќајна блокада во вторникот наутро во париското предградие Нантер.

На видеото од инцидентот снимено од случаен минувач се гледаат двајца полицајци како стојат на возачката страна од автомобилот, од кои едниот пука со пиштол кон возачот иако се чини дека тој не е во непосредна опасност.

Полицаецот рече дека пукал со пиштолот од страв дека младиот човек ќе прегази некого со својот автомобил, рече обвинителот на Нантер, Паскал Праче.

„Јас не ја обвинувам полицијата, обвинувам една личност, таа што го одзеде животот на мојот син“, изјави мајката на Нахел, Мунија пред камерите на француската телевизија.

“Има и други начини да ги извадите од автомобилот. Да ги убиваме нашите малечки така. Колку време ќе потрае? Уште колку деца ќе одат?” додаде таа.

Обвинителот Праче рече дека се верува дека полицаецот незаконски го користел своето оружје. Официјална истрага за убиство е во тек, а полицаецот е во притвор.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна