ВИДЕО: Мајка фрлила бебе во канализација, пожарникари едвај го спасиле

Од:

Кинеските пожарникари пред неколку дена успеале да спасат новороденче од цевки за канализација, во женскиот студентски дом во градот Лен.

Плачот на бебето го привлекол вниманието на неколку кориснички на домот, кои повикале противпожарна служба, која заклучила дека во цевките за канализација на 4-от кат од студентскиот дом се наоѓа бебе и дека ситуацијата е многу критична.

По акцијата која траела цели три часа, бебето било извлечено, но се уште се наоѓа во болница.

Се претпоставува дека мајката на ова новороденче е студентка на колеџот и дека породувањето се случило додека таа била во тоалет.

Инаку ова не е прв пат пожарникари да спасуваат бебе од канализациски цевки, сличен настан се случи минатата година исто така во студентски дом во Кина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он