ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Од:

Израелската армија соопшти дека командант на штаб на Хезболах е убиен во воздушен напад во либанската престолнина Бејрут.

Скај њуз објави дека во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ) се вели дека убиениот Сухаил Хусеин Хусеини бил задолжен за логистика во странство, буџет и управување со различни единици на Хезболах.

Се наведува дека Хусеини одиграл „клучна улога“ во трансферот на оружје од Иран и дека е одговорен за „дистрибуција на напредно оружје до единиците на Хезболах“.

– Покрај тоа, тој беше и член на Советот на Џихад, советот на високи воени лидери на Хезболах – наведе ИДФ.

Во соопштението, исто така, се вели дека Хусеини бил задолжен за „буџетско и логистичко управување со најчувствителните проекти на Хезболах“, вклучително и „специјални операции, како што се терористичките напади врз Израел од Либан и Сирија“.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел