Ситуацијата со пандемијата во Италија се влошува од час во час, секој ден црната статистика брои се повеќе жртви од коронавирусот.
Од пандемијата починаа повеќе од 5.000 луѓе, а околу 60.000 се заразени.
Здравството во Италија е на колена и пред колапс, докторите се немоќни да се справат со смртоносниот вирус, недостасуваат и потребните материјали за работа како и заштитната опрема.
Од земјата која е позната по солидарност и социјален здравствен систем – Куба, властите испратија 52 доктори и медицински сестри во помош на своите италијански колеги.
На аеродромот во Хавана, медицинскиот персонал на патот до нивниот авион беа испратени од кубанскиот народ со силно ракоплескање.
Одговорниот и главен доктор, Дијаз на аеродромот во Милано по пристигнувањето рече дека тимот е подготвен да им помогне на народот во Италија, тој исто така додаде дека ова е голем предизвик за нив, но дека кубанските власти ги испратиле нив во земјата за да ја донесат солидарноста на Куба во Италија.
Властите од Куба претходно испратија пет групи за помош во справување со коронавирусот, докторите беа испратени во Венецуела, Никерагва, Јамајка, Суринам и Гренада.