ВИДЕО: Кривична пријава против Олбрајт

Од:

Активистите на чешкото здружение Пријатели на Србите на Косово, поднесоа кривична пријава против Медлин Олбрајт за ширење на етничка омраза.

„Било какво ширење на етничка омраза кое доаѓа од поранешна политичарка на висока позиција, која исклучително се ангажираше во интервенцијата на НАТО во балканските судири, го оценуваме како цинизам и непочитување на сите жртви“, стои во соопштението на здружението.

Таа на потпишувањето на својата книга во Прага ги нарече активистит „одвратни Срби“.

На Youtube се појавија неколку видеа од инцидентот.

Олбрант не му придаде особено значење на инцидентот, но призна дека ја изненадил.

„Некои луѓе не ме сакаат. Не знам што правеа таму, ме обвинуваа за нешто што не сум го направила. Додека бев на функција, секогаш имав обезбедување. Ова беше глупост. Но беше и прекрасно што дојдоа сто луѓе на кои им ја потпишав мојата книга“, изјави Олбрајт.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Србија

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа