ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Од:

По 15 месеци смрт и страдање, договорот конечно е завршен. За речиси два милиони Палестинци во Газа, бездомни и гладни, како и за семејствата на некои од израелските заложници и палестинските затвореници, тоа ќе донесе малку надеж и олеснување.

Прекинот на огнот ќе стапи на сила во 08:30 часот по локално време во недела.

Тројца израелски заложници кои ги држеше Хамас потоа треба да му бидат предадени на Црвениот крст, а во замена ќе бидат ослободени палестинските затвореници. Израелските сили ќе почнат да се повлекуваат од делови на Газа.

Се разбира дека полицијата на Хамас ќе управува со враќањето на стотици илјади раселени Палестинци во северниот дел на Газа, што покренува прашања за тоа како тие ќе ги проверат борците на Хамас кои се обидуваат да се преселат на север.

И тоа ќе биде кревко примирје и многу работи може да тргнат наопаку, анализираат познавачите за дел од влијателните странски медиуми.

Преговорите за втората фаза од договорот што ќе донесе вистински крај на војната, најверојатно ќе бидат мачни.

И на помалку од еден ден до стапувањето на сила на договорот, Палестинците сè уште гинат во израелските напади во Газа.

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Палестински бунт против Хамас