Кралот Чарлс и принцот Вилијам ненајавено се појавија меѓу луѓето кои во редици со часови чекаат да поминат покрај ковчегот на Кралицата Елизабета и да и оддадат последна почит.
И Кралот и принцот од Велс се поздравуваа и разговараа со луѓето.
„Се надевам дека не се замрзнале минатата ноќ“ – му рекол Чарлс на еден од присутните.
Вилијам пак пофали една госпоѓа кој избрала да облече тренерки за долгото чекање.
Луѓето изненадено од Кралот и од принцот им велеле дека не им пречи долгото чекање.