Голема промена во Бакингемската палата

Од:

Кралот Чарлс повеќе нема лично да го прима британскиот премиер во својот кабинет секоја недела, туку ќе одржува состаноци по телефон, објави Даунинг стрит.

Во нормални околности сите средби со премиерот се одржуваат во Бакингемската палата.

Бакингемската палата во понеделникот попладне објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак.

Засега не е откриено за каков вид на рак се работи, но потврдено е дека ракот бил дијагностициран додека кралот се лекувал од проблем со простатата.

Премиерот на Велика Британија Риши Сунак претходно изјави дека е шокиран и тажен кога дознал дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Сунак рече дека е среќен што „болест е рано фатена“ и дека се надева дека монархот брзо ќе закрепне.

Да потсетиме, се огласи и претседателот на Америка Џозеф Бајден по информацијата дека кралот боледува од рак.

Тој рече дека е загрижен поради информацијата дека на британскиот крал Чарлс Трети му е дијагностициран рак.

Би можело да ве интересира

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски

Британскиот крал е во болница

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски

Kралот пристигна во Вестминстерската опатија

Горан Наумовски

Oткриено е како Чарлс и Камила ја минаа вечерта пред крунисувањето