ВИДЕО: „Ќе си ги гушнам внуците“ – вакцината пристигна во израелските домови за стари

Од:

Штитениците во домовите за нега на стари лица во Израел од денеска почнаа да се вакцинираат против Ковид-19, по десет месеци од пандемијата што ја чинеше земјата многу животи на нејзините повозрасни граѓани.

На снимката што беше објавена од старскиот дом „Медитерански морски кули“ во Тел Авив се гледа како станарите во установата ја добиваат вакцината, а дел од нив реагираа емотивно.

„Вакцината е нужна. Оние што не се согласуваат да ја примат си прават лошо самите на себеси и не покажуваат солидарност со општеството,“ рече 80-годишниот Давид Кохав откако ја прими инјекцијата.

„’Несаканите’ ефекти се тоа што ќе си ги гушнам внуците и ќе одам на кратко патување,“ вели Аса, која исто така живее во домот.

„Ќе патувам. Ќе учествувам во прослави, со моите деца и внуци. Го чекавме ова, сите овие работи ни беа забранети во изминатава година,“ рече Хасаба, уште една штитеничка на установата.

Луѓето на возраст над 60 години и хронично болните лица се првите во Израел што ќе се вакцинираат против Ковид-19, по здравствените работници, кои почнаа да ја примаат вакцината изминатиот викенд.

Според израелските медиуми, луѓето што ќе се вакцинираат ќе добијат специјален „зелен пасош“ што ќе ја отстрани потребата за понатамошни ковид-тестови и ќе им дозволи на граѓаните кои го поседуваат да патуваат, да посетуваат културни настани и ресторани.

Израел од почетокот на пандемијата има околу 380.000 случаи на заразени лица и над 3.000 починати од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски