Тоник Турганбек од кинескиот град Јининг успеа на неверојатен начин да спаси дете кое паѓаше од зграда. Детето падна врз него, а тој потоа од јачината на ударот се онесвести, пренесува РТС.
Лекарите потврдија дека детето и момчето се добро.
“Кога го видов тој веќе паѓаше. Не размислував, истрчав и го фатив. Не знам што се случи потоа. Се онесвестив. Кога се разбудив, полицијата и спасувачите беа покрај нас.”, рече 28 годишниот херој.