ВИДЕО: Кина ги врати заробените индиски војници по вооружениот судир, во Индија организирани големи протести

Од:

Пекинг на почетокот на оваа недела ослободи група на индиски војници кои беа заробени во текот на смртоносниот судир на граничниот појас помеѓу Индија и Кина.

Во судирот беа усмртени 20 индиски војници, но исто така беше забележана и штета на спротивната страна.

Ослободените војници заедно со мајорот и капетанот беа предадени во Њу Делхи по разговорите помеѓу армиите на двете соседни земји.

Армијата на Индија не ја коментираше веста, но подоцна во соопштение објави дека ниту еден нивен војник не бил наведен како исчезнат.

Во судирот кај Хималаите помеѓу двете сили, усмртени се 20 индиски војници, а се претпоставува дека на кинеска страна биле убиени 10, пренесе „RT“.

Иако Пекинг призна дека има жртви и од нивната армија, во јавноста не откри колку погинале во вооружениот судир долж границата.

Во Индија беа организирани и протести каде демонстрантите ги запалија знамињата на Кина како и фотографии на кинескиот претседател, Си Џи Пинг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик