Едно осумгодишно дете од САД од своите врсници се разликува по нешто што е навистина специфично. Според тврдењата на неговото семејство, малиот Антонио може да комуницира со мртвите. Момчето кое со својата мајка живее во Њујорк наводно комуницира со својот прадедо и со прабабата кои никогаш не ги запознал.
„Мојот син може да види духови, исто како и јас. Тоа е Божји дар. Антонио ја гледа мојата баба и мојот дедо и разговара со нив. Може да опише како изгледаат и што прават“, тврди мајката ан Антонио Сенди. Таа додава како синот не сака да го присилува на ништо бидејќи сака сам да ги испита своите можности.
Неговата приказна неодмна беше документирана на каналот ТЛЦ и тоа во посебна епизода која се занимава со медиуми. Осумгодишното момче не е претерано вознемирано поради својот дар. Еднствено што го загрижува енеговата кариера во иднина.
„Сакам да бидам професионален играч во бејзбол и фудбалер“, вели Антонио.