Арам Пан од Сингапур очекувал дека кога ќе замине во Северна Кореја, дека ќе види „пуста земја“ и „многу тажни луѓе“. Сепак тоа не се случило и тој наишол на преполни маркети и луѓе кои уживаат во водени паркови. За разлика од други туристи кои ја посетиле Северна Кореја, Пан морал да ги крие камерата и фотоапаратот, бидејќи не барал дозвола.
-Со години ме интересира Северна Кореја. Просечниот човек има можност да види повеќе фотографии од вселената, отколку од Северна Кореја. Сакав да откријам како изгледа таму- рече Пан, кој пред некое време се вратил од патувањето во оваа држава.
Патувањето го планирал во 2012 година, а се започнало со барање дозвола за фотографски апарат и тој тврди дека тоа било многу полесно од она што тој го очекувал. Испраќал пораки преку електронска пошта до амбасадата на Северна Кореја се додека еден ден некој не му одговорил. -Имав слушнато дека новинари и фоторепортери тешко може да направат нешто слично и не ни претпоставував дека ќе биде вака добро – ги раскажува фотографот своите први впечатоци. Тој вели дека не му била потребна специјална камера за да направи преубави панорами. Досега веќе два пати бил во Северна Кореја, а оваа есен планира да ја посети по трет пат.
-Сега кога се вратив од второто патување сфатив дека се уште постојат работи кои не ми се познати. Ја прошетав целата држава и она што го видов и фотографирав докажува дека состојбата и не е лоша како што мислев. Луѓето ги извршуваат секојдневните работи и се изгледа сосема норамално. Некои мои пријатели ми зборуваа дека се што сум видел е лага. Но тоа нема никаква смисла. Некој би ги измислил засеаните површини пченица и би наместил илјадници луѓе? – заклучува Пан.
Најчесто споменуваните клишеа за Северна Кореја се дека државата е сиромашна и дека луѓето гладуваат, а Пан верува дека лажирање на сето тоа, на така високо ниво, значи дека Северна Кореја има повисоки „организациски способности“, од која било развиена држава.
Тој за време на престојот имал придружба, но не морал да следи никаков распоред и можел да се движи сосема слободно. Исто така напоменува дека ниту една негова фотографија не е избришана.
Е. Г.