Еден од најголемите кинески ланци за брза храна се обидува да се увери дека смртоносниот коронавирус нема да ја наруши доставата на нивната храна.
„Yum China“ кој е во сопственост на околу 9,000 Pizza Hut, KFC и други ресторани, покрена акција која го носи името „безконтактна испорака“, како би се избегнало ширење на вирусот.
Компанијата за брза храна јавно ја покажа нивната нова иновација преку WeChat и Weibo.
На видеото се гледа како доставувачот на храната маскиран во заштитна облека ја остава нарачаната храна на растојание на десет чекори од примателот.
Компаниите „KFC“ и „Pizza Hut“ ги соопштија во јавноста новите начини на достава на нивната храна.
„Храната може да се подигне и од одредени места без присуство на вработените“, додаваат од Yum China.
Од компанијата велат дека се затворени повеќе од 30% од своите 9,000 различни ресторани поради тоа што драстично се намалил прометот во рестораните, а тоа се сведува поради владините мерки за ограничување на движењето.