ВИДЕО: Израел го нападна Либан-силна експлозија во Бејрут

Од:

Израелската војска соопшти дека денеска извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека јужните предградија на Бејрут биле погодени.

„ИДФ изврши таргетиран напад во Бејрут. Засега нема промени во одбранбените директиви на командата на Домашниот фронт“, соопшти израелската војска, без да даде детали.

Ројтерс јавува дека густ облак од чад може да се забележи над Бејрут, а жителите пријавиле дека слушнале силна експлозија. Според извештаите на медиумите во Либан, нападот се случил во предградијата на Дахија, за која Израел тврди дека е упориште на милитантната група Хезболах, пишува The Times of Israel.

Претходно денеска, Хезболах лансираше 150 ракети во правец на северен Израел, објавувајќи дека целел повеќе локации долж границата со ракети Качуша, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штаб на израелска оклопна бригада, за која тврдеше дека е првиот погоден. Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан.

Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот. Тел Авив не ги коментираше тие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк