Израелската војска погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа

Од:

Израелската војска денеска соопшти дека погодила „600 терористички цели“ во Појасот Газа од обновувањето на нападите на 18 март.

– Погодивме повеќе од 600 терористички цели од обновувањето на борбите, рече новиот портпарол на израелската војска, бригадниот генерал Ефи Дефрин во своето прво телевизиско обраќање.

Дефрин додаде дека единственото нешто што ја забавува акцијата на израелската војска е ослободувањето на заложниците во Појасот Газа, киднапирани за време на нападот на палестинското движење Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот