(ВИДЕО) Историски потфат на Индија: Нејзиното вселенско летало слетува на Месечината

Од:

Индискиот вселенски брод Чандрајаан-3 лета кон површината на Месечината пред нејзиниот историски обид за слетување, правејќи неверојатни слики на патот. Вселенското летало треба да го започне спуштањето кон површината на Месечината денеска околу 14 часот и 15 минути по средноевропско време. Доколку успее, Индија ќе биде првата вселенска сила која ќе изврши меко слетување на Јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата.

Доколку биде успешна, оваа мисија ќе го означи првото контролирано слетување на индиско вселенско летало на површината на Месечината и ќе ја направи Индија четвртата земја што некогаш постигнала таков подвиг. Во моментов, Соединетите Американски Држави, Кина и поранешниот Советски Сојуз се единствените нации кои извршиле контролирано слетување на вселенски летала на Месечината.

Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) вчера објави серија фотографии и слики направени од камерите на вселенското летало. Еден поглед од птичја перспектива на Месечината е направен од 70 километри над површината на Месечината. Друга слика, направена на 20 август, нуди крупен кадар на правливиот сив терен на Месечината.

Чандрајаан, што значи „месечево возило“ на санскрит, беше лансиран од вселенскиот центар Сатиш Даван во Шрихарикота во јужната индиска држава Андра Прадеш на 14 јули. Леталото полека се приближува до површината на Месечината. Оваа мисија го означува вториот обид на Индија за контролирано слетување на Месечината. Првиот обид, во 2019 година со Chandrayaan-2, заврши со пад на леталото на површината на Месечината поради софтверски проблеми и тешкотии при сопирање при спуштање.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка