ВИДЕО: Иранскиот заменик-министер за здравство заразен со коронавирус се препотуваше на прес конференција

Од:

Заменик-министерот за здравство на Иран, Ираџ Харирчи, е позитивен на тестот за коронавирусот, објави иранската новинска агенција ИЛНА, додавајќи дека тој сега е во карантин.

Техеран претходно изјави дека најмалку 95 лица се дијагностицирани со опасната болест. Поголемиот дел од потврдените случаи во земјата потекнуваат од градот Ком – центар на традиционалнио аџилак на шиитските муслимани, а најмалку 15 Иранци умреле од вирусот.

По претходните извештаи за жртви во Иран, неколку земји, вклучително и Турција, воведоа привремени забрани за патување во и од Исламската Република. Во меѓувреме, смртоносната болест, првично откриена во кинескиот Вухан, однесе повеќе од 2.600 животи низ целиот свет. Заразени се околу 80.000, вклучувајќи 77,000 луѓе во Кина, 1.200 во Јужна Кореја и 229 во Италија.

Во исто време, австриските и хрватските власти ги потврдија првите случаи на заболување во нивните земји.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел