ВИДЕО: Индија со дронови и противпожарни возила се бори против инвазијата на скакулци

Од:

Покрај пандемијата, Индија деновиве се бори против најголемата инвазија на скакулци во последните три децении, што се заканува да ги уништи земјоделските култури и вегетацијата и за тоа се користат дронови и противпожарни возила.

Во потрага по храна, неколку километри долги роеви на пустински скакулци, најдеструктивниот вид на овие инсекти, на почетокот на мај влегоа во Раџастан, држава во западна Индија, од соседен Пакистан и потоа се проширија во пет други држави во земјата.

Ситуацијата ја влошија ветровите по циклонот Амфан кон крајот на минатиот месец.

Властите се обидуваат да ги разбијат роевите со пестициди што се исфрлаат од распрскувачи монтирани на трактори, противпожарни возила, но и со дронови, а еден официјален претставник изјави дека во две области во Раџастан се уништени 70 проценти од скакулците.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка