ВИДЕО: Храбра мајка од Њујорк го спаси петгодишниот син од киднапирање

Од:

Едно лице е уапсено за обидот за киднапирање на петгодишно дете на улица во Њујорк. Детето беше одвлечкано во автомобил во обид да биде грабнато пред очите на мајка му и братот и сестрата.

Сепак мајката не дозволи тоа да се случи. Веднаш реагираше и го извлече момчето преку прозорецот на автомобилот. Снимката за тоа како жената го спасува синот го обиколи светот.

Снимката од безбедносните камери беше објавена во обид да бидат идентификувани киднаперите. Полицијата соопшти дека е првиеден 24-годишен човек, а дека се трага по повозрасен маж кој се гледа на снимката.

“Кога ја гледам снимката не можам да верувам дека сум тоа јас, се беше многу брзо“ – вели мајката на детенцето.

Засега нема инфoромации кои се причините за обидот за киднапирање на детето. Според медиумите, киднаперите биле татко и син.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Њујорк; Пристигна итно известување

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

ВИДЕО: Еден мртов и петмина ранети во метро во Њујорк, се истепаа тинејџери

Во Њујорк: Десет вагони на товарен воз излетаа од шините

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он

Паника во Њујорк: Одекнаа повеќе експлозии