ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Од:

Палестинските милитанти во Појасот Газа денеска ослободија уште осуммина израелски заложници во замена за 110 палестински затвореници кои ќе бидат ослободени според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Израелката Агам Бергер, облечена во зелена униформа, беше донесена низ тесен премин меѓу купишта урнатини во Џабалија во северниот дел на Појасот Газа и предадена на Црвениот крст.

Двајца други заложници, Гади Мозес (80) и Арбел Јахуд (29), киднапирани од Кибуц Нир Оза на 7 октомври 2023 година, се прегрнаа во присуство на маскирани милитанти во црни униформи, според видеото објавено од Исламски џихад, сојузник на Хамас.

Јахуд потоа беше предаден на Црвениот крст опкружен со толпа луѓе и вооружени палестински милитанти во бомбардираната куќа на лидерот на Хамас Јахја Ал-Синвар во Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Десетици милитанти беа на локацијата, што е знак дека Хамас сè уште има големи сили во Појасот Газа и покрај повеќе од 15 месеци израелско бомбардирање. „Убивањето водачи само ги прави луѓето посилни и потврдоглави“, изјави претставникот на Хамас, Сами Абу Зухри.

Подоцна беа ослободени и петмина државјани на Тајланд, но нивните идентитети не се објавени.

Палестинските затвореници, меѓу кои 30 малолетници и неколку членови на палестински групи осудени за вмешаност во смртоносните напади во Израел, ќе бидат однесени на Западниот Брег или на Појасот Газа подоцна во текот на денот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“