Илјадници луѓе се собраа во Израел за повторно да побараат договор за ослободување на заложниците, истовремено изразувајќи гнев кон владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
„Никогаш нема да ја заборавам раката што ми го спаси животот“, рече Алмонг Меир Јан, заложник што армијата го ослободи минатиот јуни од заробеништво на Хамас. „Договорот, кој мора да биде потпишан, е подадена рака до заложниците и нивните семејства. Договор да се спасат нивните животи, да се спасат сите наши животи“, додаде тој, говорејќи на митингот во Тел Авив.
🇵🇸⛓️🇮🇱 ⚡️ NÓNG: 4/1/2025, Lữ đoàn Al-Qassam công bố clip về một tù nhân Israel, nữ binh sĩ Liri Albag bị bắt từ tiền đồn Nahal Oz vào ngày 7/10/2023, và được cho là đang bị giam giữ ở Gaza:
⛓️ Liri Albag đã bị bắt 456 ngày. Trong clip cô nói rằng mình đã bị… pic.twitter.com/v43EhwqWNJ
— c0mmand0 (@c0mmand0_2022) January 4, 2025
Луѓето протестираа и на митинзи во Ерусалим и Хаифа, а по митингот во Тел Авив дојде до судир со полицијата при што беа уапсени шест лица, пренесуваат медиумите. Постигнувањето договор стана крајно итно откако Хамас вчера објави уште едно видео заложници. Додека Израел ги толкува видеата како алатка за психолошка војна, семејствата на заложниците ги гледаат како клучни знаци дека нивните најблиски се уште се живи.
Демонстрантите и поддржувачите на заложниците го обвинуваат Нетанјаху за поткопување на примирјето со Хамас и ослободување на заложниците со нови барања. Тој тоа го негира. Индиректните преговори за примирје и ослободување на заложниците кои сè уште се наоѓаат во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, наводно, напредуваат бавно.
Хамас вчера објави видео во кое израелскиот заложник Лири Албаг – за која локалните медиуми тврдат дека е жена војник – го повикува Израел да направи повеќе за да обезбеди ослободување на заложниците. Таа имаше 18 години кога беше заробена од палестинските милитанти во базата Нахал Оз на границата со Газа, заедно со уште шест жени војници.
Во три и пол минути видео без датум, Албаг, која сега има 19 години, на хебрејски апелираше до израелската влада да обезбеди нејзино ослободување. Во видеото таа вели дека нивните животи се во опасност поради израелските воени акции во Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, реагирајќи на видеото изјави дека Израел постојано работи на враќање на заложниците.
„Кој ќе се обиде да им наштети на нашите заложници ќе сноси целосна одговорност за своите постапки“, рече тој. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди во саботата продолжување на индиректните преговори со Хамас во Катар за ослободување на заложниците.