ВИДЕО: Хамас држи израелски цивили и војници како заложници во Појасот Газа

Од:

Околу 50 израелски заложници држи Хамас во близина на границата со Газа, објави израелскиот канал N12, а сега тоа го потврди и израелската армија.

Портпаролот на ИД рече дека се точни информациите дека Хамас држи заложници во Газа. Станува збор за израелски цивили и војници. Сепак, тој не го кажа бројот на инволвирани Израелци.

Тој додаде дека има загинати меѓу израелските одбранбени сили, но тие се уште немаат точен број.

„Ние сме во војна“, додаде генералот Даниел Хагари.

Израелските власти ги демантираат информациите дека меѓу заложниците е и израелски генерал. Имено, заменик лидерот на Хамас, Салех тврди дека се заробени високи офицери на израелската армија.

Заменик-лидерот на Хамас, Салех, тврди дека се заробени високи офицери на израелската армија, но Израелците тоа го негираат.

Салех изјави за арапскиот канал Ал Џезира дека она што е во нивни раце ќе ги ослободи сите затвореници во Израел – очигледно мислејќи на Палестинците во израелските затвори.

„Заробивме високи офицери од окупациската армија“, рече тој.

„Има многу убиени Палестинци и многу Израелци загинати, како и затвореници, а битката се уште трае.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“