(ВИДЕО) Гризли се бања во Флорида, плажа е полна со луѓе, но мечката без проблем се разладува

Од:

На социјалните мрежи е објавено неверојатно видео на кое се гледа како црна мечка излегува од водата на брегот на Флорида.

Гризли „туристот“ ужива во водата пред да се појави на плажата во Дестин во недела на 11 јуни.

– Претпоставувам дека и тој е на одмор – рекла една жена која била сведок на неверојатната сцена.

Инаку, плажата била полна со луѓе, што не ја спречило мечката да се разлади.

Откако излегла од водата, мечката се упатила кон блиските падини и исчезнала од очите на луѓето на плажата.

Комисијата за заштита на рибите и дивиот свет на Флорида проценува дека на Флорида има повеќе од 4.000 црни мечки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски

Мечка се појавила во штала во гостиварско Форино

Катерина Ѓуровски

Мечка нападнала дански турист на Шар Планина

Орце Костов

ВИДЕО: Авион се урна на автопат на Флорида, двајца мртви