Откако претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе си поднесе оставка, пратениците во салата започнаа да ракоплескаат, а според локалните медиуми по улиците граѓаните прославуваат.
The streets of #Harare. #Zimbabwe #Mugabe @ReporterStar @IOL pic.twitter.com/FJQ9TqC2ds
— Botho Molosankwe (@Mizzyb1) November 21, 2017
– Јас, Роберт Габриел Мугабе, врз основа на членот 96 од Уставот на Зимбабве, на овој начин официјално поднесувам оставка, која стапува на сила веднаш, се наведува во писмото кое го прочита Муденда.
Иако во писмото на Мугабе не се наведува кој ќе го наследи, според претстанивиц на владејачката ЗАНУ-ПФ, Емерсон Мнангава, кој што беше разрешен од страна на Мугабе ќе ја превземе функцијата претседател.