ВИДЕО: Град ги столчи Германија, Швајцарија и Франција, има повредени во страотното невреме

Од:

Големо невреме со силен ветер, град и снег денеска погоди делови од Германија, Швајцарија и Австрија, а медиумите јавуваат за повеќе повредени луѓе, закочен сообраќај и поплавени објекти.

Реки од мраз течеа по улиците во неколку места во Франција, откако источниот дел од земјата го зафати град со големина на орев и ретко виден интензитет.

Во Швајцарија се повредени петмина, а засега нема информации за состојбата во Германија и Швајцарија, каде се јавува за прекини во метрото и железничкиот сообраќај во неколку градови. Ветрот го однесе покривот на Операта во Штутгарт, па откажани се сите претстави.

Според најавите, невремето, со налети на ветер од 100 километри на час, треба да се движи кон средината и истокот на Германија.

За ноќеска метеоролозите предвидуваат одвоено невреме кое ќе го зафати северот и истокот на Германија.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја