Големи бранови ги зафатија крајбрежните области во Јужна Африка за време на викендот, при што загинаа две лица, а повредени се уште седум други. Направени се многу штети, водата однесе железничка мрежа, патишта, згради и автомобили.
Shocking moment as a massive wave crashed into a South African beach restaurant, leaving several injured. pic.twitter.com/bT9K7vnEDe
— AccuWeather (@accuweather) September 18, 2023
Според АП, брановите кои достигнале висина од 9,5 метри биле предизвикани од природниот феномен „пролетна плима“. На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои се гледа како бранови удираат на брегот во Јужна Африка.
Massive waves wrecked havoc across the southern coast of South Africa (video from Harold's bay) yesterday as a result of spring high tide combining with storm surge – damage in many local coastline towns!
LSC/The weather Hooligan pic.twitter.com/zF7HVYj5tS
— Live Storm Chasers (@LiveStormChaser) September 17, 2023
На едно видео се гледа како кафулето буквално исчезнува во брановите. Второто видео покажува колку брзо водата продира низ градот. Според метеоролошката служба на Јужна Африка, 50 отсто од брегот бил „погоден“ од брановите.
Gordon's Bay in Cape Town, South Africa#CapeTown #SouthAfrica #GordonsBay #flood #floods #flooding #waves #inondations #alagamentos #tormenta #storm #unwetter #CapeWeather #hurricanelee #ClimateEmergency #ClimateActionNow pic.twitter.com/GKrLZcsbII
— mishikasingh (@mishika_singh) September 17, 2023