(ВИДЕО) Голем напад врз Белгород, најмалку три лица загинаа, а 25 се повредени

Од:

Белгород повторно беше подложен на масовен напад со беспилотни летала рано утрово, при што три лица загинаа, а 25 други беа повредени во нападот на украинските сили изјави денес вршителот на должноста гувернер на градот, Александар Шуваев.

„За жал, според последните информации, тројца цивили се убиени“, рече Шуваев во објава на платформата Max, објави РИА Новости.

Според него, 25 лица се повредени во нападот врз Белгород, кој е оддалечен околу 40 километри од границата со Украина, вклучувајќи деца на возраст од четири и девет години.

Шуваев рече дека едно повредено дете е хоспитализирано со умерено тешки повреди, а дека 13 возрасни лица се лекуваат во болници, од кои еден е во критична состојба.

Тој додаде дека по украинскиот напад избувнале пожари во две станбени згради, кои брзо биле изгаснати.

Според Работната група на регионот Белгород, во нападот се оштетени околу 30 куќи, три јавни и шест канцелариски згради, како и повеќе од 30 возила.

Рускиот истражен комитет наводно започнал кривична истрага за терористичкиот напад.

Би можело да ве интересира

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа