ВИДЕО: Елизабета Втора го отвори највисокиот мост во Велика Британија вреден 1,35 милијарди фунти

Од:

Британската кралица Елизабета Втора денеска во Шкотска го отвори највисокиот мост во земјата – еден од најмодерните мостови во светот, со три столба, со висина од 207 метри. Вредноста на модерниот објект изнесува 1,35 милијарди фунти (1,7 милијарди долари).

Кралицата беше придружувана од 96-годишниот сопруг, принцот Филип, иако поради возраста, тој минатиот месец официјално објави дека се повлекува од извршувањето на јавни обврски како член на кралското семејство.

Во присуство на шкотската премиерка Никола Старџен, Елизабета Втора ја пресече лентата и официјално мостот го пушти во употреба.

Мостот со должина од 2,6 километри, чија изградба траеше шест години, го поврзува шкотскиот политички и културен град Единбург со северо-источниот дел на Шкотска. Тој ќе биде замена за познатиот Форт бриџ, како главен транспортен автопат.

Проектираниот „животен век“ на мостот е 120 години.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“