(ВИДЕО) Голема експлозија во центарот на Париз: Мислевме дека е напад

Од:

Голем пожар избувна денеска во Париз, по експлозија на гас, а пожарот зафати неколку згради, објави на Твитер локален функционер на градот Париз.

Париската полиција соопшти дека истражува што се случило.

Тие, исто така, ги предупредија луѓето да ја избегнуваат областа.

Засега нема официјални информации дали има загинати во експлозијата. Дел од медиумите јавуваат дека има седуммина повредени, а најмалку четворица се во критична состојба.

– Слушнавме огромна експлозија, траеше многу долго, беше како на филм. Се погледнавме и слеговме по скалите. Излеговме и ги видовме урнатините. Мислев дека е напад, вели вработен во блиското католичко училиште.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во напад со нож во Париз

Улица во Париз ќе го носи името на Дејвид Боуви

А1он

ВИДЕО: Драма во Париз – Лувр итно евакуиран

Во Париз е забрането изнајмување електричeн тротинет

(ВИДЕО) Експлозија во Париз, петмина се повредени

Ограбена е златарница во центарот на Париз, штетата е огромна