(ВИДЕО) Експлозии во Катар: Израел го нападна раководството на Хамас во Доха

Од:

Експлозијата во катарската престолнина Доха е резултат на израелски напад врз лидерите на Хамас во градот, изјавија неименувани високи израелски функционери за хебрејските медиуми, објави „Тајмс оф Израел“.

Поголемиот дел од раководството на Хамас во Газа беше убиено во војната што започна на 7 октомври 2023 година, додека политичкото раководство на терористичката група во странство остана во голема мера недопрено.

Катар е една од двете арапски земји, заедно со Египет, кои посредуваат во преговорите меѓу Израел и Хамас, заклучува „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението, ИДФ и Шин Бет изјавија дека го нападнале раководството на Хамас во нападот извршен од израелски воени авиони.

Во соопштението не се споменува конкретно Катар, но доаѓа по извештаите за големи експлозии во Доха, каде што се наоѓа највисокото раководство на Хамас.

„Членовите на раководството кои беа цел ги водеа активностите на терористичката организација со години и се директно одговорни за извршување на масакрот од 7 октомври и водење војна против Државата Израел“, се вели во соопштението.

Војската соопшти дека презела чекори за минимизирање на штетата врз цивилите за време на нападите, вклучително и употреба на прецизна муниција и други разузнавачки податоци.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

Пилоти се истепале во авион за Тел Авив: Израелците мислеле дека е киднапирање, кренале ловци

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп тврди дека спречил Иран да го „збрише“ Израел

Катерина Ѓуровски

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен