ВИДЕО: Џонсон ја крена ногата на маса додека разговараше со Макрон

Од:

Од стапувањето на должност на новиот британски премиер Борис Џонсон минаа месец дена до неговото прво патување во странство, но затоа, пак, тој брзо се раскомоти во резиденцијата на францускиот претседател Емануел Макрон, каде што во еден момент ја крена ногата и ја стави на блиската масичка, пренесува „Ројтерс“.

Џонсон беше снимен како на шега ја крева ногата и го потпира стапалото на маса во Елисејската палата, по што ги поздрави фоторепортерите во собата, додека Макрон, гледајќи во тоа, се чини дека се забавуваше, пренесе агенцијата.

Ова се случи откако двајцата лидери се обратија пред новинарите во дворот на Елисејската палата, каде Макрон предупреди дека нема доволно време за целосно да се измени договорот за брегзит пред 31 октомври, кога истекува рокот на Велика Британија за напуштање на ЕУ.

Елисејската палата соопшти дека разговорите биле конструктивни и темелни.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он