(ВИДЕО) Драма во авион: Се отвори врата за итни случаи на лет над Бразил

Од:

Патниците останаа преплашени откако вратата за итни случаи ненадејно се отвори среде летот над Бразил.

Снимката е направена на летот меѓу Сао Луис и Ел Салвадор во понеделникот, а инцидентот се случил 30 минути по полетувањето.

Според локалните медиуми, во авионот се превезувале членови на бендот на популарниот јужноамерикански пејач Тиери, кој се враќал од настап.

Инструментите и багажот се наоѓале во близина на задниот дел на авионот и до вратата што неочекувано се отворила.

Еден патник ја снимил ситуацијата. На снимката се гледаат облаци кои поминуваат и предмети кои лебдат околу патниците.

Повеќето од патниците се свртени на другата страна и не гледаат низ вратата додека се обидуваа да останат смирени.

Според извештаите, пилотот ги смирил патниците пред успешно принудно да слета на аеродромот Хуго да Куња Мачадо и никој не е повреден.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион