ВИДЕО: Додека САД „го притискаат”, Мадуро танцува салса

Од:

Додека сите погледи на светот се вперени во Венецуела поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро танцува салса.

Снимката на која Мадуро се весели со сопругата во салса-ритмот на песна посветена нему, како што наведуваат некои европски медиуми, е од крајот на февруари и веднаш стана интернет-хит.

По состанокот со претставници на рударските компании од државата, венецуелскиот претседател ги замолил музичарите кои биле повикани на тој настан, да засвират нешто за публиката. Така, тие почнаа да пејат песна со текст: „Мадуро не си оди“.

Во тој миг, Мадуро ја фати сопругата за рака и ја поведе на танц, опкружен со граѓани во карневалска облека.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас