ВИДЕО: Детали за договорот меѓу Хамас и Израел, прекинот на војната во три фаза

Од:

Преговарачите треба повторно да се состанат во Катар за да се обидат да го финализираат договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и за ослободување на заложниците, со знаци дека Израел и Хамас се на работ на договор.

Палестински функционер запознаен со преговорите изјави за Би-Би-Си дека, првпат во војната, делегации од Израел и Хамас водат индиректни разговори во иста зграда.

Исто така, се вели дека Хамас се откажал од условот израелските војници да го напуштат Појасот.

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека договорот е „на работ“ да се реализира. Израелски функционер, исто така, изјави за новинската агенција Ројтерс дека е можен договор за „часови, денови или повеќе“.

Новиот ппоместување доаѓа по заканите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека „пеколот ќе се отвори“ доколку не се постигне договор до неговата инаугурација на 20 јануари.

Бајден разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата и со шеикот Тамим бин Хамад Ал-Тани од Катар – кој посредува во преговорите – во понеделникот.

Палестинскиот функционер изјави за Би-Би-Си дека Хамас и израелските претставници имале шестчасовни индиректни разговори во истата зграда во понеделникот.

Откривајќи некои потенцијални детали од договорот, функционерот изјави дека „деталните технички разговори одзеле значително време“.

Двете страни се договорија Хамас да ослободи тројца заложници на првиот ден од договорот, по што Израел ќе почне со повлекување на војниците од населените места.

Седум дена подоцна, Хамас ќе ослободи уште четворица заложници, а Израел ќе им дозволи на раселените луѓе во јужниот дел да се вратат на север, но само пеш преку крајбрежниот пат.

На автомобилите, количките влечени од животни и камионите ќе им биде дозволено да минуваат низ премин во непосредна близина на патот Салах ал-Дин, надгледувани од рендген-апарат управуван од катарско-египетскиот тим за техничко обезбедување.

Договорот вклучува одредби израелските сили да останат во коридорот Филаделфи и да одржуваат тампон зона од 800 метри долж источната и северната граница за време на првата фаза, која ќе трае 42 дена.

Израел, исто така, се согласи да ослободи 1.000 палестински затвореници, вклучително и приближно 190 кои отслужуваат казни од 15 или повеќе години. Во замена Хамас ќе ослободи 34 заложници.

Преговорите за втората и третата фаза од договорот би започнале на 16-тиот ден од прекинот на огнот.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

ВИДЕО: Хамас ги предаде телата на четири убиени заложници

Катерина Ѓуровски

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски