ВИДЕО: Демонстрантите против строгите ковид мерки во Кина се судрија со полицијата

Од:

Објавени се снимки на кои се гледа дека демонстрантите кои протестираат против строгиот режим за борба против Ковид-19 се судираат со полицијата. Во Кина владее големо незадовоствто поради строгите мерки и ограничувања.

На видеото од градот Џинан се гледа дека демонстрантите се обидуваат да ги урнат барикадите и влегуваат во судир со полицијата. Се слуќаат извиви „Укинете ги ковид мерките“.

Во неколку големи кинески градови се распоредени во голем број полицајци за да се спречат протестите што ја зафатија земјата во последните денови поради политиката на нулта ковид и ограничувањата на слободата.

На улиците на главниот град Пекинг и другите поголеми градови, како Шангај, Гуангжу и Хангжу, зголемен е полицискиот контингент.

Во финансискиот центар на Шангај, беа подигнати бариери долж патот Вулумуки за да се спречи да се соберат големи толпи, како што се случи во текот на викендот. Си-Ен-Ен објави видео на кое се гледа судир меѓу демонстрантите и полицијата во Гуангжу, на југот на земјата.

Би можело да ве интересира

Кинески туристи повторно организирано ќе доаѓаат во Македонија

Катерина Ѓуровски

Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19

Кинезите по три години забрани, од недела конечно ќе можат да патуваат

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина не се очекува да влијае врз епидемиолошката ситуација во Европа

Кина го доживува најголемиот бран на коронавирус досега

Горан Наумовски